Францускиот Парламент денеска треба да го усвои Законот за клима, кој Владата го смета за еколошка пресвртница, додека невладините организации и некои експерти го критикуваа, како што наведоа, поради недостаток на амбиции.
Двата дома на Парламентот ќе гласаат попладнево за законот, а текстот е составен од експерти и политичари, но и од граѓани.
Група од 150 граѓани беа избрани со жрепка, кои предложија некои од мерките за борба против климатските промени.
Сепак, многу невладини организации сметаат дека текстот на законот е „премногу млак“ и се организираа протести во последните месеци, а за денеска е најавен митинг пред зградата на Парламентот.
Целта на предлог-законот „Клима и прилагодливост“ е да се постигне „намалување на штетните емисии на гасови со ефект на стаклена градина“ за 40 проценти до 2030 година.
Законот треба да ја „воведе екологија во срцето на францускиот модел“, односно да пробие во сите сфери на јавниот живот – училишта, јавни служби, правда, урбанизам и сообраќај, соопшти Владата.