Францускиот остров Реунион го очекува циклонот Думил

Од:

Францускиот остров и департман Ла Реунион, кој се наоѓа во Индискиот Океан го очекува поминувањето на циклонот Думил, кој во моментов се наоѓа на околу 100 километри од островот, јави дописникот на МИА од Париз.

Највисокиот степен на тервога – црвениот степен е во сила од 10 часот по локално време и во согласност со правилата, на жителите на островот им е забрането да излегуваат од домовите. Сепак и покрај тоа, локалните медиуми пренесоа дека повеќе лица не ја испочитувале забраната и во мали групи излегле да го гледаат спектаклот на разбеснетиот океан, чии гигантски бранови се кршат во карпестите брегови на вулканскиот остров.

За време на циклонот се очекуваат ветрови со брзина од 180 километри на час, а според информациите од префектурата еден пожарникар е полесно повреден. Во 10 часот по локално време 68.000 домаќинства беа без снабдување со електрична енергија.

Циклонот Думил е прв циклон по пет години, а последниот циклон кој го погоди овој француски остров беше Гамед во февруари 2007 година, кога загинаа две лица во обид да преминат надојдена река. Циклонот Гамед исто така го уништи и мостот долг 500 метри кој го поврзуваше јужниот дел на островот.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме