Францускиот оператор „Оранж“ отвори внатрешна истрага за дефектот со броевите за итни случаи

Од:

Околу седум часа во средата навечер, броевите за итни случаи 15 (брза помош), 17 (полиција), 18 (пожарна и спасување) и 112(единствен европски број) беа недостапни или многу тешко да се добијат во голем дел на Франција, принудувајќи ги луѓето да се јавуваат повеќе пати или да користат 10-цифрени телефонски линии итно поставени од властите.

Според првичните информации, четири лица, од кои едно бебе, починале од предизвиканиот хаос.

Ова беше досега невидено сериозен дефект, речиси општа парализа на сите телефони за ургентни повици ја погодија цела Франција со драматични последици.

Телефонскиот оператор „Оранж“ денеска соопшти дека отворил „длабинска“ внатрешна истрага, доверена на генералниот инспекторат на групата, за да ги идентификува дисфункциите што во средата го спречуваа пристапот до броевите за итни случаи низ цела Франција.

„Истрагата ќе мора да ги спроведе потребните постапки за да ги идентификува прецизните причини за овој инцидент и да даде препораки за да ги извлече сите потребни поуки“, се наведува во соопштението од операторот.

Заклучоците од оваа внатрешна истрага се очекуваат во рок од седум дена.

„Во врска со меѓуминистерската кризна ќелија, ние создадаовме посебна ќелија за да ги решиме сите евентуални локални дефекти што можатда се појават“, додаде телефонскиот оператор.

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, ги осуди „сериозните и неприфатливи дисфункции“ на овој невиден настан, што може да се поврзе со смртта на најмалку четири лица, вклучително и мало дете.

Извршниот директор на „Оранж“, Стефан Ришар, им изрази „извинувања“ на погодените.

Запрашан за потеклото на овој неуспех, Ришар ја отфрли хипотезата за кибер напад, објаснувајќи дека овој инцидент е „поверојатен“ поради „дефект на софтверот во (критичната) опрема на мрежата“, односно на платформите одговорни за рутирање на повиците.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата