Францускиот омбудсман ја обвини владата дека ги крши сопствените наредби за ромските кампови

Од:

Францускиот омбудсман Доминик Боди ја обвини француската Влада дека не ги применува сопствените наредби за растурањето на ромските населби.

Боди се обрати во рамки на парламентарна дискусија, посветена на проблемот со Ромите, што мина со жестоки расправи предизвикани од изјавата на францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс, дека само мал дел од Ромите сакаат да се интегрираат во општеството.

Според францускиот народен правобранител условите за растурање на ромските кампови, изложени во владината уредба од август 2012 година, не биле почитувани како што треба. Многу често евакуирањето на камповите се извршило без претходна судска одлука, а тримесечниот рок од издавањето на решението до растурањето на камповите не било запазено, иако тој е неопходен за извршување проверка на социјалниот статус на жителите, наведува Доминик Боди.

Вчера премиерот Жан-Марк Еро оваа уредба ја претстави како „владина политика“, со цел да стави крај на дебатите предизвикани од коментарот на министерот за внатрешни работи.

Во средата министерот за внатрешни работи Мануел Валс изјави дека само мал дел од Ромите имаат желба да се интегрираат и дека нивниот начин на живот е спротивен на локалното население. Изјавата наиде на критики од социјалистите, а Европската комисија се закани со санкции на Франција ако не го почитува правилото за слободно движење во рамките на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата