Вашите зборови се исто толку екстремистички колку што се и навредливи и сведочат за совршеното непознавање на тоа што е нашата земја, Франција, на нејзините солидни придобивки, како нејзината светски призната атрактивност и нејзините врски со САД. Со овие зборови францускиот министер за индустриска обнова, Арно Монтебург му одговори на Морис М. Тејлор Џуниор, газдата на „Титан“ , кој се појави како потенцијален преземач на фабриката за производство на гуми „Гудјер“ во Амиан, кој испрати отворено писмо со која ги става во прашање продуктивноста на француските работници.
Жалејќи за „толку многу смешните и злонамерни зборови“, Монтебург потсетува дека во Франција има 20.000 странски претпријатија, и дека САД се меѓу првите странски инвеститотори. Фалејќи ја политиката на својата влада која доби позитивни оценки од Стандард и Пурс, Арно Монтебург подвлекува дека „Титан“ зазема мал дел на пазарот.
„Можам да ве потсетам дека Титан е 20 пати помал од Мишелин и 35 мати помалку рентабилен“.
Во своетот писмо францускиот министер го цитира и Ла Фајет и неговото пристигнување на американското доаѓање во Нормандија, пред да ја брани политиката на Барак Обама за релокализацијата на американската индустрија, која е блиска со таа која тој ја брани.
Арно Монтебург истворемено го прдупредува газадта на Титан: „Бидете сигурни и сметајте на мене дека надлежните служби на француската влада со двојна поголема претпазливост ќе ги контролираат вашите увезени гуми. Тие посебно ќе се грижат дали вие ги почитувате нормите кои се спроведуваат во областа на социјалното право, заштитата на животната средина и техничките норми.
Морис М.Тејлор Џуниор ги обвини француските работници од фабриката на Гудјер дека работат само три часа дневно и за тоа добиваат висока плата. Трошејќи еден час за ручек, дискутираат три часа и работата три часа.
Во париски „Нувел Обсерватор“, еден вработен во фабриката Гудјер признава дека во моментов е тешко да се знае колку изнесува работното време на еден работник, со оглед дека дирекцијата на Гудјер го намали производството и работниците го поминуваат времето како што знаат и умеат и дека би сакале да работат повеќе.
Во писмото до францускиот министер, газдата на Тита, кој беше и кандидат за кандидат на републиканците во 1996 година, тој објаснува дека повеќе би сакал да купи едно индиско или кинеско претпријатие каде ќе ги плаќа работниците помалку од едно евро и на европскиот пазар ќе доставува ефтини гуми.
Француските работници според повеќе испитувања се меѓу најпродуктивните работници во Европа.