Француски војник убиен во Мали

Од:

Еден француски војник е убиен при борби со исламистите во северниот дел на Мали, соопшти денеска претседателот на Франција. Франсоа Оланд.

– Припадник на 22-от Воздухопловно-десантен полк на Легијата на странците загина при судир со исламистите, информира Оланд, кој се наоѓа во посета на Атина.

Информацијата за загинувањето на францускиот војник доаѓа во време кога премиерот на Мали, Дианго Цисоко престојува во посета на Париз, каде оцени дека воените операции против исламистите во неговата земја влегуваат во завршна фаза.

– Големите воени операции во Мали се движат кон својот крај, изјави Цисоко по средбата со шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Фабиус оцени дека ситуацијата во Мали е многу подобра отколку пред неколку недели.

– Големите воени операции се при крај. Останува да бидат обезбедени ослободените зони, додаде Фабиус.

Убиениот легионер е втор француски војник кој загина во Мали од почетокот на операцијата на француската армија во оваа африканска земја.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска