Наредник на француските воздухопловни сили е уапсен појави сомневање дека подготвувал вооружен напад во џамијата Мингует во Венисио во близината на Лион, јавува дописникот на МИА од Париз.
Дваесет и тригодишниот припадник на француската армија во моментов се наоѓа во притвор во простриите на француската Централна дирекција за внатрешно разузнување (ДЦРИ).
Според француските медиуми врз џамијата од Винисио за малку избегнала исламофобски напад. Потенцијалниот напаѓач е опишан како психолошки кревка личност кој обожавал личности од крајната десница. Тој веќе нападнал едно место на кое се практикува исламот во 2012 година, без притоа да повреди некого.
Идентитетот на војникот не е откриен, а силите на редот го уапсиле во воената база Лион Монт Вердан. Според некои извори, тој се обидел на повеќе пати да го контактира напаѓачот на Жак Ширак, Максим Брунери кој во 2002 се обиде да го убие тогашниот француски претседател на Елисејските полиња и бил истовремено обожавател на Доминик Венер, историчарот симпатизер на крајната десница кој се самоуби на 21 мај во Богородичната црква во Париз.
Тој планирал да стрела со огнено оружје врз џамијата во Винисиом во предградието на Лион на 8 август на крајот од исламскиот празник Рамазан. Неговите блиски биле први кои предупредиле на неговата ориентацја кон крајната десница.
Пред истражните органи тој признал дека фрлил молотов коктел врз џамијата во Либурн во Жирондија во ноќта меѓу 20 и 21 август 2012, напад во кој немало повредени, поради брзата интеревенција на пожарникарите чија касарна е наспроти џамијата.
На војникот му е изречена превентивна мерка притвор од четири дена по притворот, поради поседување на муниција од четврта категорија и поради поврзување со терористичка акција и оштетување на место за вероисповед со терористичка акција.