Француски „Санофи“ и британски „ГСК“ почнаа ново клиничко испитување на заедничка вакцина

Од:

По разочарувањето од првата верзија, француската лабораторија „Санофи“ се надева дека ќе ја направи својата вакцина достапна во четвртиот квартал на годината. За таа цел лабораторијата денеска најави дека ќе почне ново клиничко испитување наречено „фаза 2“ за нејзината главна вакцина против Ковид-19, развиена со британскиот „ГСК“.

-Оваа нова студија во „фаза 2“ ќе го процени потенцијалот на рафинирана формулација на антигени со цел да се постигне оптимален имунолошки одговор, особено кај постарите лица, се навдува во соопштението на групата.

Претходната студија на фазата I / II, за оваа вакцина првично закажана за летото 2021 година, во декември заклучи дека е недоволно ефикасна кај луѓе постари од 50 години. Оваа вакцина е рекомбинантен протеин со додаток, потрадиционална технологија од вакцините РНК произведени од „Фајзер“ и од „Модерна“.

Покрај тоа, француската фармацевтска групација објави дека ќе ја произведува во Франција вакцината против Ковид-19 на нејзиниот американски конкурент „Џонсон и Џонсон“ во втората половина на годината, како што се подготвува да ја направи и за онаа развиена од „Фајзер-БиоНТек“.

„Санофи“ од третиот квартал ќе се погрижи за формулирање и полнење на дозите на својата локација Марси-Л’Етоил, близу Лион, со ритам од околу 12 милиони дози месечно, наведе лабораторијата во соопштение, нагласувајќи дека како приоритет го има развојот на неговите две вакцини.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски