Француски претседателски кандидат казнет за поттикнување расна омраза

Од:

Францускиот претседателски кандидат на екстремната десница Ерик Земур денеска е казнет со 10.000 евра поради поттикнување расна омраза, бидејќи младите мигранти ги нарекол убијци, крадци и силувачи.

Тужбата се заснова на забелешките кои ги кажал на десничарскиот канал СиЊуз во 2020 година за мигрантите кои пристигнуваат како деца без придружба: „Тие немаат причина да бидат тука, тие се крадци, тие се убијци, тие се силувачи, тоа е сè што прават, треба да бидат вратени назад“, рекол Земур.

Ерик Земур, кој е поранешен политички коментатор, на претседателските избори во април ќе се трка со кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен и конзервативната Валери Пекрес против актуелниот претседател на десниот центар Емануел Макрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано