Францускиот совет на муслиманска вероисповед (ФСМВ) „најрешително” ги осудува терористичките напади извршени синоќа во Париз, се вели во соопштението на оваа најголема исламска организација во Франција, пренесува ТАСС.
Нападот е окарактеризиран како „гнасна и одвратна постапка”.
ФСМВ воедно ја повиа целата нација на единство и солидарност. „Ги повикуваме муслиманите во Франција да се молат земјата да успее да се справи со ова ужасно тешко искушение, задржувајќи ги мирот и достоинство”, се вели во соопштението.