Француски градоначалник по долна облека бара повеќе пари од државата

Од:

Градоначаникот на Ил-Сант-Дени во парискиот регион, Мишел Бурган од редовите на Европа Екологија Зелени заедно со уште дваесетина општински советници се фотографираа по долна облека пред влезот на општината, за да протестираат против намалувањето на државните дотации, јавува дописникот на МИА од Париз.

Ова е првиот протест од ваков вид, пред официалниот штрајк најавен за 10. декември. Не е само Ил-Сант-Дени кој е погоден од намалувањето на државните дотации, туку сите француски општини во рамките на буџетското штедење. За овај град штедењето претсавува 10 отсто помал градски буџет или 750 000 евра помалку до 2017 година.

На фотографијата по долна облека е градоначалникот и 22 од вкупно 29 советници, кои се соблекоа извикувајќи „Доста со штедење!.

За ова градче од 7.000 жители, ако сака да ја надомести загубата на дотациитте од државата, тоа значи зголемување на општинските даноци за 17 проценти. Што според градоначлникот Мишел Бурган е тешко изводливо за жителите на оваа општина.

Тој не се откажува од протестите и веќе отвори петиција, која за една недела ја потпишаа 13.000 жители на регионот која ќе им ја предаде на нивниот пратеник од редовите на владеачката социјалистичка партија Бруно ле Ру.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано