Француски експерти по тероризам ќе објават дел од архивата на Осама бин Ладен

Од:

Ролан Жакар и Атман Тазагар, двајца експерти по тероризам од Франција, тврдат дека поседуваат дел од архивите на Осама бин Ладен и се подготвуваат да ги објават во најскоро време, пишува весникот „Фигаро“.

Документите се земени за време на операцијата на американските командоси врз скривалиштето на дотогаш првиот светски терорист во градот Аботабад, во Пакистан.

Француските експерти Жакар и Тазагар, кои се автори и на трудови посветени на исламискиот тероризам и Ал Каеда, дело доа рхивата ќе ја објават во книгата под наслов „Тајните на Бин Ладен“. Нејзината промоција ќе биде на крајот на март или на почетокот на април.

Експертите предупредуваат дека станува збор за неоперативни документи, кои не се поврзани со терористичките операции на Ал Каеда, а посебно го откриваат досега непознатиот дел од животот на Осама бин Ладен. Меѓу документите има 200 писма на терорист кои фрлаат светлина врз неговиот карактер и неговиот живот во илегала. Меѓу нив се открива и галантната кореспонденција на Бин Ладен со Палестинка, на која тој и испраќал стихотворби.

Ролан Жакар беше автор на уште една книга за Бин Ладен, насловена „Во име на Бин Ладен“. Таа се појави на почетокот на септември 2001 година и неколку дена подоцна атентатите од 11 септември ја претворија во вистински бестселер.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски