Француски десничар ги регистрираше „жолтите елеци“ како симбол за евроизборите

Од:

Поранешниот потпретседател на францускиот екстремно десничарски Национален фронт, Флориен Филипо ги регистрираше „жолтите елеци“ како симбол на неговата нова партија Патриоти за изборите за членови на Европскиот парламент во 2019 година.

Флориен, кој е поранешен близок соработник на лидерката на Националниот фронт, Марин ле Пен, изјави дека планира за европските избори да поднесе листа на која половина од кандидатите ќе бидат од редовите на неговата екстремно десничарска партија Патриоти, а другата половина ќе ја сочинуваат претставници на движењето на „жолтите елеци“.

Движењето на „жолтите елеци“ се појави во ноември како протестно движење поради зголемувањето на таксите за горивата, но прерасна во масовно движење против политиката на францускиот претседател Емануел Макрон.

Покрај екстремната десница, интерес за привлекување на претставниците на „жолтите елеци“ на своите изборни листи пројави и крајната левица.

Според анкетата на агенцијата ИФОП, на изборите за Европскиот парламент околу 13 отсто од Французите би гласале за евентуалните кандидати на „жолтите елеци“.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски