Француската влада поднесе оставка

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс ја поднесе оставката на неговата влада, по што претседателот Франсоа Оланд побара од него да состави нова влада, јавува допсиникот на МИА од Париз.

Оставката на француската влада доаѓа непосредно по сериозните критики кои беа израечени од министерот за економија Арно Монтебург и образование Беноа Хамон во однос на економската политика која ја спроведува француската влада.

Имено, францускиот министер за економија Арно Монетбург во интервју за париски Ле Монд се заложи за „алтернативна политика“ наспроти политиката на штедење која ја налага Европската Унија и која француската влада се обидува да ја спроведе.

„Намалувањето на дефицитот со присилен марш е економска аберација бидејќи тоа ја зголемува невработеноста, тоа е финансиска абсурдност бидејќи тоа го прави невозможно заздравувањето на јавните сметки и политичка катастрофа бидејќи ги фрла европјаните во рацете на екстремните партии, кои сакаат да ја уништат Европа“, рече Монтебург, кој со ова јасно отстапи од „догмата за буџетско штедење“ , која ја брани претседателот Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс.

Имено францускиот претседател само три дена претходно, во истиот весник изјави дека сака да оди „побрзо и подалеку“ во реформите.

Исто така во моментот кога Франсоа Оланд, сака да ги смири односите со Берлин, откако на почетокот на август Ангела Меркел одговори негативно на неговото залагање за промена на германската економска политика, за таа да биди повеќе во корист на економскиот раст, францускиот министер за економија бара да се „подигне гласот“.

„Ние не можеме повеќе да го толерираме тоа. Ако ние мораме да се приклучиме на ортодоксијата на германската најекстремна десница, тоа значи дека кога французите гласаат за француската левица, всушност тие гласаат за спроведување на програмата на германската десница“ – нагласува Арно Монтебург.

Иако неговиот говор е во целосна спротивност со политиката која ја спроведува владата на Мануел Валс, министерот за економија не мисли да ја напушти владата и да поднесе оставка на функцијата.

„Јас сум на ова борбено место за да ги променам политиките кои засслужуваат да бидат промениети“ – заврши Арно Монтебург.

Оставката и реакцијата на премиерот Мануел Валс беше очекувана, а исто така ваквата ситуација не му одговараше на претседателот Франсоа Оланд.

Новата влада ќе биде позната утре.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата