Француската Влада подготвена да разговара за автономија на Корзика, вели министерот за внатрешни работи

Од:

Париз е подготвен да ја олабави контролата врз Корзика во процес што може да доведе до некоја форма на автономен статус на островот, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин за весникот „Корз Матин“. Тој истакна дека е подготвен да разговара и за автономија.

Изјавата на министерот, објавена пред планираната дводневна посета на Корзика, доаѓа откако протестите минатиот викенд ги оживеаја долгогодишните тензии меѓу Корзика и Париз. Тој денеска ќе отпатува на Корзика, наводно со широки овластувања да преговара со корзиканските сепаратисти.

Демонстрантите во северниот корзикански град Бастија нападнаа јавни згради и фрлаа проектили врз полицијата во неделата на најновите демонстрации поради нападот врз затворен националист во затвор на копното на Франција.

Во нередите досега се повредени над 100 лица, од кои неколку десетици полицајци.

Нова искра во барутот беше фрлена на 2 март, кога африкански муџахедин кој се вратил од Авганистан и бил осуден за тероризам се обидел да го задави Иван Колона (61), корзикански сепаратист. Иван Колона, осуден на доживотен затвор за атентатот врз корзиканскиот префект Клод Ерињак во 1998 година, е во кома откако на 2 март беше нападнат.

Оттогаш на протести на овој медитерански остров повикаа студентите, средношколците, националистичките организации и синдикати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата