Француската Влада почна мобилизација на работниците во рафинериите, за синдикатите таквиот потег е незаконски

Од:

Француската Влада денеска почна да ги мобилизира работниците во складиштето за моторно гориво во францускиот огранок на „Ексон-Мобил“ (Exxon-Mobil) – „Есо“ (Esso), во обид да обезбеди бензинските пумпи низ целата земја да се снабдуваат со гориво за време на тринеделниот штрајк.

За синдикатите таквиот потег е незаконски.

Премиерката на Франција, Елизабет Борн побара од Собранието да ја покрене процедурата за мобилизација и се очекува таа наскоро да донесе слична одлука во однос на работниците од „Тотал груп“ (Total grup).

Француските нафтени работници кои штрајкуваат гласаа за продолжување на нивната индустриска акција, што доведе до недостиг на горива на бензински пумпи низ целата држава.

Според Синдикатите на левицата, кои стојат зад штрајковите, оценија дека Владата ќе ги искористи овластувањата за да ги принуди работниците.

За тринеделниот штрајк затворени се шест од седумте француски рафинерии за нафта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Медиуми: Генералниот штрајк во Србија не успеа, се работи како и обично

Брнабиќ за штрајкот на N1: „Богови на манипулацијата“

А1он

Вучиќ за генералниот штрајк: Има многу лудаци во Србија

А1он

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски