Француската Влада отвори антџихадистичката веб платформа

Од:

Во обид да се пресмета со терористите на теренот на интернетот, француската Влада денеска отвори веб страница наменета за одврачање веб корисниците од идејата да заминат во борба на страна џихадистите, јави дописникот на МИА од Париз.

При првата посета на веб страницата, корисникот е пречекан од видео (http://bcove.me/7aqor964) на кое се појавува најчесто користениот аргумент на терористичката пропаганда: „Тие ти велат: жртвувај се со нас, ти браниш праведна кауза“, „всушност ти ќе го откриеш пеколот на земјата и ќе умреш сам, далеку од дома“.

Видео снимките се шокантни и начинот на комуникација сличен како тој што го користат терористите и џихадистичката пропаганда.

Веб поратлот е составен од четири категории: разбирање на терористичките закани, акцијата на државата, демаскирање на џихадистичката пропаганда и средства за мобилизација на граѓаните. Покрај волјата да се информираат корисниците на интернет, целта е пред се да се избегне нивната радикализација.

Платформата е наменета како за лицата кои планираат да преминат да заминат во џихад дело, така и за нивните блиски, кои се повикани да се јават на бесплатниот телефонски број за да побараат помош. Корисниците исто така можат да ја пријават секоја содржина која ја виделе на интерент и која го слави тероризмот.

Оваа интернет платформа е во рамките на зајакнување на борбата против тероризмот, односно шокрај зголемената контрола на содржините на интернет и на социјалните мрежи, овој пат повеќе не станува збор за цензура на „омразата“, туку директно одговорање на неа.

Франција не е прва земја која го користи овај начин на комуникации, Методот е веќе практикуван од американската Влада, која кон крајот на 2013 година го создаде профилот на Твитер «Think Again Turn Away» (Размисли повторно, откажи се), кој има за цел да ја шири вистинатаз а тероризмот. Оваа мерка е комплетирана со Фејсбук страница, канал на ЈуТуб, Тублер и страница на Аск.фм. Твитер профилот е следен од 20.100 претплатници.

Но, сите експерти не се многу убедени во овој начин на комуникација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on