Француската влада не отстапува од целите за раст на економијата

Од:

Францускиот премиер Жан-Марк Еро, потврди дека владата останува на анализите за раст на економијата од 0,8 отсто и дефицит од три отсто БДП за 2013 година, и покрај тоа што ММФ има полоша прогноза.

Премиерот Еро изјави синоќа дека Владата не отстапува од своите ветувања бидејќи тоа е цел која нема алтернатива.

– Франција се залага за економско оживување кое мора да се спроведе без оглед на тоа колку ќе биде тешко. Песимистичките предвидувања нема да не обесхрабрат, изјави Еро.

ММФ во петокот оцени дека Франција нема да успее да го сведе дефицитот на три отсто, а економскиот раст нема да биде повисок од 0,4 отсто. Националнито Завод за статистика минатата недела објави прогноза за раст од 0,1 отсто во првите шест месеци од следната година и понатамошен раст на невработеноста.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз