Француската полиција уапси исламистичка терористичка мрежа

Од:

Француската антитерористичка полиција пронајде оружје и материјали за изработка на експлозиви за време на акцијата на приведување на осомничени радикални исламисти ширум земјата, пренесува Ројтерс. Парискиот обвинител Франсоа Молин рече дека се уапсени повеќе десетици лица за време на викендот, а дека многумина од нив ќе бидат задржани во притвор во текот на следните 24 часа, откако во една гаража во предградието на Париз е пронајден материјал за изработка на експлозив. За време на акцијата избувна и вооружен конфликт во Стразбур, каде што едно лице беше убиено од страна на полицијата.

“Очигледно, се соочуваме со исклучително опасна терористичка мрежа. Потребно е да се продолжи нивниот престој во притвор”, истакна Молин.

За време на полициската акција овој викенд, убиен е еден исламист, осомничен за бомбашки напад врз еврејска продавница минатиот месец. Молин, исто така, укажува дека на истото место каде што е најден материјалот за експлозив пронајдено е и оружје, но, исто така и листа на еврејски организации од околината на Париз.

Еврејската заедница во Франција во последните неколку месеци, се почесто е мета на напади. Во најголемиот напад загинаа седум лица, од кои три деца, во градот Тулуз во март оваа година. Тогаш беше истакнато дека напаѓачот бил поврзан со Ал Каеда. Во тоа време сè уште на власт, беше францускиот претседател Никола Саркози, кој започна опширна акција против исламистите во Франција. Многу критичари истакнуваат дека Саркози ја започнал акцијата за да ја врати популарноста непосредно пред претседателските избори).

Минатата недела од француската влада истакнаа дека “заканата од тероризмот е се уште на високо ниво”, а во исто време го претставија и новиот закон со кој на полицијата и се одобрува апсење на луѓе кои се осомничени за инволвираност во “активности поврзани со тероризам” надвор од француската територија. Молин истакнува дека притворот на осомничените може да се продолжи за уште 6 дена ако е потребно.

Да потсетиме, додека француската полиција овие денови спроведува масовни апсења на потенцијални терористи ширум земјата, официјално француската влада во исто време им дава силна поддршка на бунтовниците во Сирија, меѓу кои има и значителен број на луѓе кои припаѓаат на радикални и терористички групи, вклучувајќи ја и Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски