Во Франција е уапсен седумнаесетгодишен малолетник осомничен дека бил во контакт со извршителот на терористичкиот напад во Ница, Брахим Ауисауи.
Малолетникот е приведен во рамките на истрагата за нападот со нож во црквата Нотр Дам во Ница минатиот четврток, во кој беа убиени три лица, соопшти судски извор.
Сомненијата се дека тој преку пораки бил во контакт со тунискиот напаѓач, Брахим Ауисауи. Четири други лица кои беа притворени минатиот вторник, се уште се во притвор , додека еден 29-годишен Тунижанец, кој беше уапсен во саботата, во текот на денешниот ден е ослободен од гонење во оваа фаза од истрагата.
Извршителот на терористичкиот напад, според француските медиуми, се уште не е сослушан од истражните органи со оглед дека неговата здравствена состојба се влошила.