Француската полиција верува дека уште шест членови на терористичка група, поврзани со неодамнешните напади во Париз, се наоѓаат во бегство, меѓу кои е и еден маж кој го возел автомобилот регистриран на сопругата на еден од напаѓачите.
Двајца анонимни полициски службеници изјавиле дека властите ја пребаруваат париската област во потрага по возилото „мини купе“, регистрирано на 26-годишната Ајат Бумедијен, која е невенчана сопруга на напаѓачот на еврејскиот супермаркет во Париз, Амеди Кулибали, кој уби четворица заложници.
Еден од полициските службеници истакна дека групата е составена од 10 членови и би можело „четворица или шестмина да се наоѓаат се уште во бегство“, не откривајќи ги нивните имиња.