Француската полиција стравува од радикалните исламисти

Од:

Француската полиција стравува од радикалните исламисти кои можат да преминат кон насилнички акции, меѓу овие радикални исламисти се наоѓаат и триесетина кои се бореле во Сирија, јави дописникот на МИА од Париз.

Овие стравувања се појавија веднаш по терористичките акции на Мохамед Мера кога тој уби седум лица во Тулуз и Монтобан и се актуализира со минатонеделниот напад на францускиот војник во Париз.

Француската правосудна полиција забележа успехсо брзото откривање и апсењето на напаѓачот врз војникот, идентификуван како Александар Доси. Но со неговото апсење се отвори полемиката околу ефикасноста на полициските служби за следењето на радикалните исламистички елементи, бидејќи тој на повеќе пати бил контролиран на улични молитви во придружба на радикални елементи.

Овие информации биле доставени до контраразузнувачките служби, кои не отишле подалеку во истрагата. Една нова единица на полицијата регистриала околу 500 белешки за лица чие религиозно однесување го „запалило црвеното светло“.

Според Министерството за внатрешни работи на Франција, контраразузнувачката служба се концентрира на „приоритетни мисии“, кои имаат за цел да се следат ислмисти-џихадисти, кои се препознаваат во џихадистичките движења инкарнирани од Ал каеда во сајберкриминалитетот или во филијалите кои испраќаат борци во странство.

Според француските медиуми, француската полиција во моментов следи околустотина лица со ваков профил, од кои околу триесетина се Французи кои се бореле во Сирија. Целта на следењето е да се пресретнат, пред да поминат во акција.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано