Француската полиција приведе околу 15 Курди, поврзани со ПКК

Од:

Околу 15 Курди се приведени во југозападна Франција во рамки на истрагата за обид за рекет во корист на Курдската работничка партија (ПКК), јави БТА.

Приведувањата се извршени во Бордо и Тулуз, а осомничените се притворени во Бордо.

Според судски извор приведувањата се преземени во рамки на истрагата, која почна во март 2012 година.

Курдската работничка партија (ПКК) се смета за терористичка организација од страна на Турција, Европската унија и САД. Бунтовниците од ПКК од 1984 година се борат за автономија на југоисточниот дел на Турција, кој е населен претежно со Курди. Десетици илјади лица загинаа во судирите оттогаш.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано