Француската полиција приведе џихадисти за кои се верува дека патувале за Сирија

Од:

Полицијата во источниот француски град Стразбур денеска приведе наводни џихадисти, осомничени дека патувале за Сирија, соопшти француската полиција.

Меѓу 5 и 10 лица се уапсени изутринава во квартот Мејно во Стразбур. Истрагата треба да покаже дали овие лица патувале за Сирија кон крајот на 2013 година со намера да водат џихад.

Франција ги подджува бунтовниците во Сирија и неодамна презеде мерки за „обесхрабрување“ и „казнување“ на француските потенцијални џихадисти, појава што тешко може да се игнорира. Властите отворија специјална бесплатна телефонска линија, преку која семејствата на овие луѓе може да ги известат властите.

Според извор, запознаен со случајот, околу 780 жители на Франција заминале за Сирија, со цел да стапат во редовите на џихадистите или се на пат за оваа земја, додека трети веќе се вратиле од таму.

На почетокот на мај француската Влада соопшти дека во Сирија се борат околу 285 Французи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм