Француската министерка за правада критикувана затоа што не ја пеела химната

Од:

Француската министерка за правда Кристијан Тобира стана цел на критики на јавноста, затоа што не ја пеела националната химна на церемонијата за одбележување на годишнината од укинувањето на ропството.

Црномурестата Тобира неодамна беше жртва на расистички напади и често е на удар на деснициата и на екстремната десницата, кои ја обвинуваат за попустливост.

Таа во саботата на двапати не ја пееше химната со образложение дека претпочитала да слуша.

– Во некои ситуации посоодветно е човек да се повлече во себе отколку да учествува во естрадно караоке, напиша Тобира на Фејсбук.

Таквите нејзини ставови предизвикаа многу критики, поради тоа што химната ја нарече „естрадно караоке“.

– Таа е министерка на Републиката. Има нешта што човек не може да ги каже, кои нема право да ги каже и јас, како и милиони Французи, сум длабоко шокиран дека таа можела тоа да го каже, изјави лидерот на опозициската десничарска Унија за народно движење, Жан-Франсоа Копе.

Екстремно десничарскиот Национален фронт побара оставка од министерката.

Министерот за образованиа Беноа Амон застана во одбрана на Тобира, истакнувајќи оти и тој не ја пеел „Марсељезата“, како и повеќето министри, бидејќи пејачка ја пеела химната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм