Француската држава ќе ги контролира судските досиеа на сите функционери кои работат со деца

Од:

Француската влада по неколкуте скандали со педофилија на државни функционери – кои биле во контакт со деца, одлучи да спроведе операција „чисти раце“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Имено сите вработени во администрацијата, учители, наставници, воспитувачи, тренери, кои работата со малолетници ќе им бидат следени судските досиеа во текот на целата нивна кариера, за да се провери дали биле осудувани за злоупотреба на деца.

Ова е указот кој се подготвува во Министертсвото за образование, по аферата во Вилфонтен во близината на Лион, каде против еден учител во пролетта 2015 година беше подигнато обвинение за силување на единаесет деца и сомневање за неколку десетини агресии врз деца. Истиот тој, бил осуден во 2008 година на условна казна затвор, откако симнал од интернет педопорнографски слики. Но тоа никогаш не беше доставено до Министерството за образование,  и тој понатаму продолжи да работи како учител.

Оваа афера, која ја разбранува Франција, покрај судскиот расплет доведе и до инспекторски извештај во Министерството за образование, а меѓу препораките е и можноста да се гледа во судското досие на функционерите, во кои се запишани евентуалните кривични дела и злосторства.

Ова досие во Франција познато под името Б2 сега се гледа само во моментот на вработувањето.  Периодот на неговата проверка, која сега се предлага е тема на дискусии со синдикатите на функционерите на наставниците. Според министерката за образование, првите проверки ќе започнат во 2016 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа