Француската авијација вчера убила 60 џихадисти

Од:

Според француските медиуми, во вчерашното интензивно бомбардирање на базите на исламистичките милиции во Мали, биле убиени над 60 џихадисти, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Оваа бројка на убиени џихадисти се однесува само на градот Гао и неговата околина.

Франција испрати засилување од неколку авиони за спроведување на акциите во Мали, бидејќи засега само француската армија учествува во бомбардирањата.

Најавената британска помош се однесува само на испраќање инструктори за обука на малиските владини сили и на меѓународните африкански сили кои ќе интервенираат во Мали со мандат од една година, даден од ОН.

Француските војници кои се распоредени во Бамако, аеродромот на Бамако и пристапите околу малиската престолнина, според Париз се само за осигурување на безбедноста на околу 6.000 француски државјани кои живеат во Мали.

Париз не предвидува вклучување на француските копнени сили во ставањето под контрола на северниот дел на Мали, што е под контрола на бунтовниците, задача која ќе биде под надлежност на владините сили на Мали и африканските меѓународни сили.

Но, интензивирањето на бомбардирањата на француската авијација врз базите на исламистите зборува за тоа дека Франција е одлучна да го искористи пресвртот предизвикан со воената интеревенција, која го запре напредувањето на исламистите кон Бамако.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз