Франција: За 24 часа 449 смртни случаи од коронавирус

Од:

Во Франција во изминатите 24 часа се регистрирани нови 449 смртни случаи од Ковид-19 што е најголем број досега во еден ден. Од почетокот на пандемијата на 1 март, регистрирани се вкупно 3.523 смртни случаи,и 52.128 заразени, јави дописникот на МИА.

Вкупно 5.565 лица се наоѓаат во тешка состојба и нив им е потребна интензивна нега. Таа цифра е зголемена за 458 случаи.

Вкупно на болничко лекување се наоѓаат 22.757 лица. Триесет и четири отсто од заболените се помлади од 60 години.

Според властите, 9.944 лица се сметаат за излекувани.

Само вчера во ургентните служби на болниците биле примени 4.390 лица со симптоми на Ковид-19. Притоа 38 отсто од нив биле хоспитализирани, а пет отсто директно примени на интензивна нега.

СОС Лекари од своја страна имале 1.718 интервенции поради Ковид-19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер