Франција: Вреѓањето на Претседателот веќе не е кривично дело

Од:

Францускиот Парламент донесе одлука на уредбата од 1881 година да се стави амандман во корист на слободата на говорот, при што во таа земја вреѓањето на претседателот на државата веќе не е кривично дело, јави денеска Анадолија.

Пред оваа одлука вреѓањето на претседателот беше кривично дело поради „навреда на шефот на државата“. Со најновата одлука, Претседателот на Франција се вбројува во истата категорија како министрите и пратениците, а судијата има надлежност да ја донесе конечната одлука дали претседателот бил наклеветен или навреден.

Новата промена доаѓа откако Европскиот суд за човекови права во март оваа година одлучи дека Франција го прекршила правото на слобода на изразување на еден демонстрант кој беше парично казнет бидејќи носел транспарент со натпис „Изгуби се кретену“, а тој се однесуваше на поранешниот претседател Никола Саркози.

Францускиот суд тогаш донесе пресуда демонстрантот да плати казна од 30 евра бидејќи го навредил претседателот.

Сепак, иако вреѓањето на Претседателот веќе не е кривично дело, секое лице за кое на судот ќе се утврди дека го навредило шефот на држвата во опасност е да плати парична казна, која може да достигне сума до 45 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина