Франција во 2014 година продаде воена опрема во вредност од 8,06 милијарди евра

Од:

Според бројките објавени од Генералната дирекција за вооружување, Франција во 2014 година продала воена опрема и оружје во вредност од 8,06 милијарди евра, односно зголемување од 17,3 отсто во споредба со 2013 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Минатата година со постигнатиот резултат е втора најдобра година од 2000 година, повеќе се продало само во 2009 кога беше забележана нарачката на четирите подморници од типот Скорпен од Бразил.

За разлика од севкупниот трговски баланс, воениот извоз во Франција е во многу подобра состојба, бидејќи Франција во 2014 година забележа трговски дефицит од 53,8 милијарди евра.

Добриот резултат на француската воена индустрија се должи на зделката, односно нарачката на воена опрема од Либан во вредност од три милијарди долари, која ја финансира Саудиска Арабија. Оваа зделка е исклучителна, бидејќи финансирањето на материјалот е од трета земја, а не со кредит од Франција (како што беше најчесто случај со продажбата на француска воена опрема на Грција). Така Франција, на Либан ќе му испорача лесни извидувачки блиндирани возила, лесни блиндирани возила, патролни чамци, ракети Мистрал, топови, хеликоптери Газела и Кугар, но и тактички дронови.

Другата причина за успехот е и во поструктурираноста на извозот на воен материјал. Во екипата задолжена за извоз се наоѓаат претеседателот на Франција, министерот за одбрана, Генералната дирекција за вооружување и индустријалците.

Според информациите на француските медиуми, министерот за одбрана директно интервенирал за нарачката на шпионскиот сателит „Соколово око“ од Абу Даби, со што му го одзеде пазарот на американската компанија „Локид Мартин“. Добрите односи на француската извршна власт со Саудиска Арабија дозволиле склучување на договорот за Либан. Пофалби за дуото Оланд-Ле Дриан за продажба на воен материјал доаѓаат и од шефовите на претпријатијата од овој сектор, кои не се познати како симпатизери на социјалистите.

Според проценките на експертите, Франција може да постигне уште повеќе во прдоажбата на воен материјал. Таа барем засега нема забележано нарачки кај нејзиното најамблематично вооружување, како фрегатите од типот Фремм, подморниците Скорпен, хеликоптерите Тигар и НХ90, блиндираните возила ВБЦИ, или пак фамозниот ловечки авион Рафал. Првата нарчка за извоз ја чека и европскиот трансопртен авион еербасот А400М, со исклучок на Малезија. Значи потенцијалот е голем, самата дирекција за вооружување во 2010 година планираше да ги стабилизира француските воени нарачки на ниво од околу 10 милијарди евра годишно, бројка која никогаш не е достигната.

Во 2015 година Франција очекува рекордна нарачка на 24 авиони Рафал и една фрегата Фремм од страна на Египет, во вредност од 4,5 милијиради евра. Катар исто така покажувал интерс за 24 Рафалим плус 12 други, како и за 22 хеликоптери НХ90. Со Индија се преговара од 2012 година за продажба на 126 Рафали.

Париз се надева и на нарачки од Полска, каде сепак конкуренцијата е остра со Американците, Германците и Италијанците. „Ербас“ се надева да пласира 70 хеликоптери за транспорт „Каракал“ и 32 борбени хеликоптери од типот „Тигар“. Потоа продажба на подморници од типот Скорпен, вооружени со новите крстосувачки ракети МдЦН, европска ракета која е слична на американсата „Томахавк“. Тука е надежта дека ќе се добие од Полска и нарачката на противвоздушните одбранбени системи САМП/Т. Останува да се види дали овие надежи на Франција ќе се остварат. Сите овие нарачки зборуваат дека воената индустрија се носи добро, а актуелните кризи во Европа и светот им ветуваат нови сочни зделки.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата