Франција денеска ја повика Владата на Мали веднаш да отпочне мировни преговори со Туарезите и другите претставници на населението од северниот дел на земјата.
Апелот уследи откако со воена интервенција на Франција беа протерани исламистичките групи од градовите и од упориштата во пустината.
Француските воени претставници се надеваат деа брзиот успех на интервенцијата ќе им овозможи одговорноста за безбедноста во регионот да ја пренесат на безбедносните сили на Мали, кои би имале поддржка од трупите од соседните африкански држави.
Парламентот во Мали вчера усвои план за иднината на земјата, во кој се наведува дека ќе се одржат избори до јули и оти ќе има преговори со претставници од северниот дел на земјата.