Франција: Тишина на Денот на Молитвата

Од:

Бранот на анти-западни демонстрации се интензивира откако оваа недела во францускиот сатиричен магазин Чарли Хебдо беа објавени карикатурите на пророкот Мухамед. Муслиманските лидери во Франција го осудија тоа и најавија дека денеска ќе се чита повикот за мир во сите џамии во земјата. Во меѓувреме, од претпазливост Франција ги затвори сите училишта и амбасади во исламските земји.

Војската и полицијата во неколку муслимански земји се подготвени за денеска најавените нови протести против американскиот филм што го навредува исламот. За да се спречат протестите владата во Пакистан прогласи национален празник.

Во Тунис, владата го забрани закажаните протести, а во главниот град на Малезија, Куала Лумпур протестите беа најавени пред американската и француската амбасада. Во Каиро, каде што и започнаа протестите против филмот, египетските безбедносни сили патролираат по улиците во близина на американската амбасада.

Вашингтон пак плати реклами на пакистанската телевизија во кои претседателот Барак Обама го осудува филмот Невиност на муслиманите.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски