Франција: Суд и нареди на локална управа да демонтира споменик на папата Јован Павле Втори

Од:

Судот во францускиот град Рен и нареди на локалната управа на малиот град Плоермел, во западниот дел на земјата, од градскиот плоштад да го отстрани споменикот на папата Јован-Павле Втори со образложение дека му противречи на законот за световниот карактер на републиката, пренесуваат француските медиуми.

Споменикот, што во овој бретонски град е кренат во 2006 година, претставува статуа на покојниот папа под камена арка со крст, а целата композиција е висока осум метри.

Со својата местоположба и размери овој споменик покажува верски обележја и со тоа му противречи на Уставот, што го подвлекува световниот карактер на француската република, а, исто така, на  законот од 1905 година за одделување на црквата од државата, посочи Административниот суд во Рен.

Согласно судската одлука, споменикот во рок од шест месеци треба да се отстрани од својата сегашна местоположба.

Уметничката творба на рускиот скулптор Зураб Церетели, која тој му ја подарил на градот, не престанува да предизвикува дебати откако беше крената на преименуваниот плоштад „Свети Јован-Павле Втори“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата