Франција: Сопругата и четирите деца ги чувал заклучени во стан цела година

Од:

Француските власти денес отворија истрага за случајот што ја шокираше јавноста во земјата, откако беше откриено дека, еден маж, својата жена и четирите деца ги чувал заклучени во ужасни услови во нивниот социјален стан најмалку една година.

Службата за итни случаи ги открила затворените деца и нивната мајка минатиот викенд, откако соседите ги известиле за смрдеата која се ширела од станот во соседството во пристаништето Сент-Назер на атлантскиот брег, на чии прозорци и врати биле поставени катинари.

Властите соопштија дека на валканиот под од станот се пронајдени деца со потешкотии во учењето, на возраст од 14, 17, 19 и 20 години, а таткото, единствениот човек што соседите го гледале, сега се наоѓа во психијатриска болница.

Соседите мислеле дека мајката Кристин Барето (47) заедно со децата го напуштила сопругот Доминик (51), кого редовно го гледале како изнесува ѓубре, но тој никогаш не одговарал на нивните поздрави.

Петтото дете во семејството, една постара ќерка, и помага на полицијата во истрагата за овој случај.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз