Франција со најмногу странски туристи во 2011 година

Од:

Франција во текот на 2011 година ја посетиле 81,4 милилиони странски туристи, со што постави нов рекорд на туристички посети во светски рамки.

Според извештајот на француската Генерална дирекција за конкурентност, индустрија и услуги, бројот на странските туристи во текот на минатата година се зголемил за 4,8 отсто во споредба со 2010 година, кога Франција ја посетиле 77,6 милиони странски туристи.

Франција бележи зголемување на бројот на странските туристи и покрај влошената економска ситуација, пред се благодарејќи на туристите кои доаѓаат од Русија, Кина и Бразил, чии број е зголемен за 17 отсто во споредба со 2010 година.

Франција во текот на 2011 година ја посетиле 1,1 милион кинески туристи, што претставува за 23,9 отсто повеќе од претходната година. По тригодишната „рецесија“ на американските туристи поради кризата, во текот на 2011, се забележува нивно масовно враќање со раст од 14 отсто, односно 3,3 милиони туристи. Јапонците исто така се побројни за 4,3 проценти.

Но, најмногу странски туристи во Франција сепак доаѓаат од Европа, дури 83,3 отсто или вкупно 67,8 милиони туристи, што во 2011 година претставуваше пораст од 3,1 отсто.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски