Франција: Сите возови од утрово сообраќаат нормално

Од:

Сите возови во Франција од утрово сообраќаат нормално, по саботажата на железничката мрежа што се случи во петокот, неколку часа пред свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, изјави францускиот министер за транспорт, Патрис Вергрие.

Тој рече дека „од 800.000 патници кои биле потенцијално погодени за време на викендот, 700.000 успеале да го завршат своето патување“, пренесува BFM TV.

Вчера во Франција завршија поправките на железничките пруги оштетени од пожарите што ги подметнаа во петокот, соопшти францускиот национален железнички оператор SNCF.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција