Франција се приклучува на програмата на НАСА за истражување на Месечината

Од:

Франција се приклучи на програмата за идно истражување на Месечината управувана од Соединетите американски држави, со потпишување на „Договорите Артемис “ кои предвидуваат создавање „безбедни зони“ за заштита на вонземски ресурси, јави дописникот на МИА.

Така, Франција станува 20-та земја (по Канада, Јапонија, Обединетото Кралство, Украина, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Бразил итн.) која се приклучува на овој нов бран на пацифистички вселенски истражувања, прецизира Националниот центар за вселенски студии (ЦНЕС), Француската вселенска агенција. Нејзиниот извршен директор Филип Баптист приклучувањето на Франција го потпиша во Вашингтон, текстот на декларацијата позната како „Артемис договори“ во присуство на претставникот на НАСА, Бил Нелсон,.

Американската програма има за цел да ги врати астронаутите на Месечината околу 2025 година, повеќе од 50 години по историското слетување на Месечината на мисијата Аполо 11, за на крај да воспостави трајно човечко присуство таму. Исто така, предвидува изградба на станица која ќе се составува во орбитата на Месечината од 2024 година, Лунарната порта, идна отскочна штица за подалечни летови со екипаж.

Договорите на Артемис се збир од билатерални договори со Соединетите Американски Држави, кои се надоврзуваат на меѓународниот договор од 1967 година за регулирање на вселената, за да се соочат со нови предизвици и да продолжат да се вбројуваат меѓу големите вселенски сили, изјави Филип Баптист, цитиран во соопштение за печатот.

Земјите потписнички се придржуваат до десетина принципи кои се однесуваат на нивните идни активности на Месечината, но и на Марс или астероидите: транспарентност на мисиите, интероперабилност на системите, помош на персоналот во случај на неволја, споделување на научни податоци, зачувување на историски места. Поконтроверзна мерка предвидува можност за разграничување на „безбедните зони“ за да се избегне „штетно мешање“ од трета страна, особено за заштита на експлоатација на ресурси, како што е лунарната вода.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток