Франција против сојузниците, го поддржува Хашкиот суд против Нетанјаху

Од:

Ффранција го поддржува Меѓународниот кривичен суд (МКС) и „борбата против неказнивоста“, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи, откако обвинителот на судот побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други за наводни воени злосторства. Во понеделникот, обвинителот на МКС, Карим Кан, објави дека побарал налози за апсење на Нетанјаху, неговиот министер за одбрана Јоав Галант и тројца лидери на Хамас, вклучувајќи го и лидерот Јахја Синвар.

Доколку судот издаде такви наредби, речиси сите земји од Европската унија би можеле да се најдат во дипломатски тешка положба. „Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд, неговата независност и борбата против неказнивоста во сите ситуации“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи доцна во понеделникот.

Додека американскиот претседател Џо Бајден ја нарече правната постапка против израелските претставници „безобразна“, француското Министерство за надворешни работи зазеде поинаков став. Министерството повторно го осуди „антисемитскиот масакр“ на Хамас на 7 октомври и повторно предупреди за можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право при израелската инвазија на Појасот Газа.

„Што се однесува до Израел, предистражниот совет на судот треба да одлучи дали ќе ги издаде овие налози, откако ќе ги испита доказите презентирани од обвинителот…“, соопшти Министерството. Италија и Германија оценија дека е неприфатливо да се стават израелската влада и Хамас во ист кош. Велика Британија оцени дека овој потег нема да помогне да се запрат борбите, да се извлечат заложниците или да се достави хуманитарна помош.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Примирјето не значи крај на војната

А1он

Нетанјаху му се закани на Хезболах: Израел ќе одговори насилно

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Медиуми: Премиерот на Израел го одобри договорот со Хезболах

Горан Наумовски

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски