Франција: Протести против хомосексуалните бракови

Од:

Ширум Франција вчера се одржаа протести против истополовите бракови, иако националниот парламент на 24-ти април го усвои законот со кој го легализираа бракот, а на брачните партнери им дозволија и посвојување на деца.

Десетици илјади демонстранти во Париз, Тулза, Лион, Лилу и повеќе градови бараа претседателот на Франција, Франсоа Оланд да не го потпише законот. Голем протест е закажан и за 26-ти мај во Париз.

Во последните година дена, откако законот за геј браковите влезе во парламентарната процедура, против него демонстрираа стотици илјади Французи.

Демонстрантите од владата и парламентот побараа доколку мора, да се одобрат браковите, но да не им се дозволи да посвојуваат деца.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина