Франција повикува меѓународни набљудувачи во Мали

Од:

 Францускиот премиер Жан-Марк Еро изјави дека Париз го поддржува брзото распоредување меѓународни набљудувачи во Мали за да се гарантира дека нема да има прекршување на човековите права, пренесоа британските медиуми.

Во текот на последните две недели француските и малиските војници ги истиснуваат исламистичките бунтовници од некои реони на северно Мали, кои тие ги имаа заземено во минатата година.

Исламистите наметнаа строга примена на шеријатот во од нив контролираните области, одобрувајќи убивање со каменување за прељубници и отсекување на рацете за крадци, додека жените ги принудија да носат никаб.

Малиските војници се обвинувани од меѓународните организации за правата на човекот дека во знак на одмазда ги убиваат осомничените исламистички бунтовници и нивните поддржувачи. Има и случаи на грабежи и напади од цивили врз такви луѓе и нивниот имот во ослободените градови Гао и Тимбукту.

– Француската влада е за брзо распоредување на меѓународни набљудувачи кои ќе гарантираат дека се почитуваат правата на човекот, рече Еро во говорот пред парламентот.

– На нашите војници им е кажано дека треба да покажуваат крајна претпазливост кога одговараат на актите на насилство. Јас, меѓутоа, истакнувам дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст досега не потврдил дека има вакви насилни акти за кои соопштуваат некои невладини организации, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток