Франција подготвена да прими дел од мигрантите блокирани крај Малта

Од:

Франција е подготвена да прими некои од 49-те мигранти, кои веќе неколку денови се блокирани во водите на Средоземното Море во близина Малта, изјави извор од Елисејската палата за весникот „Монд“.

Станува збор за мигранти кои се наоѓаат на два брода изнајмени од страна на германска хуманитарна организација.

– Во согласност со принципите кои секогаш ги следи Франција, ние сме подготвени да се вклучиме во европски напори за помош на луѓето кои имаат потреба од заштита, вели изворот за „Монд“.

Два брода, „Си Воч 3“ и „Професор Албрехт Пенк“, веќе неколку дена чекаат одобрение од Италија, Малта или Шпанија за да се упатат кон некое нивно пристаниште, но досега ниту една од овие три земји не одговори на барањата на германската организација за прифат на мигрантите.

За сега само Франција, Германија и Холандија најавија дека се подготвени да прифатат дел од мигрантите, под услов тоа а го сторат и другите европски земји, во согласност со заклучоците на Самитот на ЕУ од јуни 2018 година, со кои се предвидуваат „заеднички напори“ за справување со проблемите со миграцијата.

Според најновите податоци на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), во 2018 година повеќе од 113.000 луѓе се упатиле преку Средоземното Море кон Европа, од кои 2.262 загинале или се водата како исчезнати.

Би можело да ве интересира

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски