Франција подготвена да им помогне на ирачките курди

Од:

Франција е подготвена да им помогне на ирачките курди кои војуваат против џихадистите од Исламската држава, за да ја блокираат исламистичката офанзива, јавува дописникот на МИА од Париз.

Ова произлегува од соопштението на Елисејската палата по разговорот на претседателот на Франција Франсоа Оланд со лидерот на Курдите во Ирак, Масуд Барзани.

„Прогонот  на религиозните малцинства од страна на терористичките групи, претставува злосторство од крајна сериозност. Шефот на државата ја потврди подготвеноста на Франција да пружи поддршка на силите кои се ангажирани во оваа борба“ – се вели во соопштението.

Од своја страна шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус, изјави дека Франција е „загрижена“ од напредувањето на џихадистите на Исламската држава на северот од Ирак и „злосторствата“ против цивилното население. Засега не се даваат повеќе детали од страна на Париз за евентуалното воено ангажирање на Франција во Ирак.

Би можело да ве интересира

Двајца полицајци застрелани во Париз откако маж украл пиштолот

Горан Наумовски

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски