Франција одбива да преговара со киднаперите на седуммината Французи

Од:

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дријан во денешното интервју за приватното радио РТЛ соопшти дека во моментов екперти ја анализираат видео снимките од седумчленото француско семејство грабнато во Камерун и префрлено во Нигерија, јави дописникот на МИА од Париз.

Видео снимката, која беше објавена вчера од страна на грабнувачите на седумтемина Французи, Дријан ја нарече „ужас“. Тој нагласи дека ова е првпат како заложници да се држат и деца, нагласувајќи дека ваквата ситуација е „неприфатлива“.

– Тоа е тероризам во сите негови видови. Видеото се претвора во инструмент на тероризмот, рече Дријан.

Францускиот министер одби да даде детали за ситуацијата во која се наоѓа грабнатото семејство, сакајќи да зачува малку „дискреција во ова чувствително досие“.

– Ние ги користиме сите средства за да обезбедиме ослободување на заложниците. Ние не преговараме со овие групи, додаде францускиот министер.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз