Франција негира масовно прислушување

Од:

Франција денеска го негираше написот на „Монд“ дека државата прибегнува кон масовна електронска шпионажа на своите граѓани, додека пак весникот останува на тие тврдења, предупредувајќи дека „францускиот Голем брат набљудува“.

„Монд“ вчера објави дека надворешната разузнавачка агенција ДГСЕ со години спроведува илегална операција за прислушување на сите телефонски и компјутерски комуникации во земјата и со странство, складирајќи ги добиените информации во суперкомпјутер, каде се достапни на останатите безбедносни служби.

Од кабинетот на премиерот Жан-Марк Еро е соопштено дека впечатокот за сеопшта операција за надѕор е „неточен“, бидејќи само „неколку служби ги објавуваат надѕорните операции од безбедносни причини“.

Освен тоа, се наведува дека вака насобраните информации може да дојдат само ако така одлучи премиерот по консултации со Националната комисија за контрола на безбедносното прислушување (ЦНЦИС).

Во денешното издание на „Монд“ се признава дека шпионирањето на граѓаните се спроведува со цел адаптирање „на новите потреби во борбата против тероризмот и организираниот криминал“ но и се потенцира „крајот на приватниот живот и почетокот на крајот на демократијата“.

„Монд“ и натаму тврди дека секоја од седумте француски разузнавачки агенции има пристап до насобраните информации и апелира судските и парламентарните органи да стекнат надѕор врз оваа област, со цел да ја ограничат огромната моќ која Владата ја стекнува врз приватниот живот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина