Франција не стравува од терористичките закани

Од:

На Франција не и е страв, изјави министерот за внатрешни работи Бернар Казенев по повикот испратен до муслиманите од терористичкото движење Исламска држава за да убиваат Французи и Американци, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Осудувајќи го „повикот за убиства“, францускиот министер повеќе пати од седиштето на министерството повтори: „Франција не се плаши. Не и е првпат да добива закани од терористи.

– На Франција не и е страв бидејќи таа може да смета на солидарноста на сите граѓани на Франција, без разлика на нивната вера или потекло, како и на внимателноста на силите на редот, кои се најдобриот одговор, рече Казенев. „Нивните закани во ништо нема да ја намалат нашата одлучност да им ставиме крај на нивните злосторства и да им помогнеме на налеселението. Ние треба да го елеиминираме ризикот кој го претставува Даеш за нашата безбедност“ – користејќи ја арапската кратенка за Исламската држава, која започнаа да ја користат сите француски политичари со цел да го намалат значењето на ова терористичко движење.

– Франција не се плаши. Бидејќи таа нема намера да отстапи пред замката на терористите и таа знае дека единството и смиреноста се најдобриот одговор кој може да се даде како отпор. На Франција не и е страв, бидејќи таа е подготвена да одговори на нивните закани.“

Францускиот министер за внатрешни работи понатаму појасни дека мерките за претпазливост, односно антитерористичкиот план „Вижипират“ е операционален и ефикасен.

Имено француските безбедносни сили, на некои места поддржани и од армијата се мобилизирани со цел да се спречат ризиците поврзани со активностите на терористичките групи во Ирак и Сирија.

Бернар Казенев притоа потсети дека од почетокот на годинава имало 110 уапсени лица во Франција за кои постои сомневање дека се џихадисти, а против 74 од нив биле подигнати обвиненија, и дека истовремено биле разбиени повеќе канали за регрутирање на џихадисти.

Францускиот министер притоа го наведе и последниот француски закон кој беше усвоен со широко мнозинство во Националното собрание, кој е наменет за борба против тероризмот.

Со овој закон, кој го спречува излегувањето од националната територија на лица за кои постои сомневање дека сакаат да заминат во џихад, според Казенев, француските безбедносни служби се подобро „вооружени“.

Кога на 19 септември, француските за првпат ги бомбардираа позициите на Даеш во Ирак, министерот за внатрешни работи Бернар Казенев испрати телеграма до сите француски префекти во која побара подигање на безбедносното ниво, посебно пред чувствителните објекти, меѓу кои верските објекти, дипломатските и конзуларните преттавништва и многу посетените места. Притоа министерот посебно повикува на внимателност при јавните собири, кои можат да се покажат како потенцијални цели на терористите.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано