Франција не сака да го намали својот нуклеарен арсенал

Од:

Франција засега не е подготвена да го намали својот нуклеарен арсенал, изјави синоќа францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан, одговарајќи на тој начин на повикот на американскиот претседател Барак Обама до нуклеарните сили за намалување на нивните потенцијали во рамки на иницијативата за редуцурање на резервите на атомско оржује.

– Франција не се согласува да го намали сопственото оржује, бидејќи нејзиниот нуклеарен арсенал веќе е ограничен на 300 боеви глави, нагласи Ле Дриан во изјава за радиото Франс Инфо.

Според Ле Дриан, проблем не претставуваат арсеналите на актуелните нуклеарни сили, туку обидите за ширење на нуклеарните оружја и напорите на Иран да произведе атомска бомба.

Во средата Обама од Берлин апелираше за намакување на стратешните атомски бомби за една третина и за редуцирање на тактичните нукеларни арсенали во Европа.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина