Франција мобилизира 10.000 војници

Од:

Министерот за одбрана на Франција, Жан Ив Ле Дријан соопшти дека поради зголемување на безбедноста на најслабите точки во државата ќе бидат мобилизирани 10.000 војници.

-Францускиот претседател, Франсоа Оланд ги повика вооружените сили да учествуваат во обезбедување на чувствителните точки во државата-рече Ле Дријан по состанокот во претседателството, на кој е потенцирана опасноста од нападите со кои е соочена државата.

Зборувајќи за „вистинската внатрешна операција“, министерот за одбрана рече дека ова е за прв пат, мобилизација во вакви размери да биде изведена на територија на државата.

Инаку владата соопшти дека со цел да се заштитат 717 училиште и места на кои се собираат Евреите во Франција, веќе се мобилизирани околу 5.000 полицајци .

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано