Франција ќе одреди датум за усвојување на геј браковите

Од:

Француските власти денеска го одредија 31. октомври како датум кога Владата ќе го усвои предлог законот за одобрување на геј браковите.

Повеќе од 1.200 француски градоначалници и нивни заменици потпишаа петиција против владините планови, а голем број од нив предупредуваат дека нема да присуствуваат на свадбените церемонии на припадници од ист пол.

Премиерот Жан-Марк Еро нагласи дека нема да има откажување од ветувањето на претседателот Франсоа Оланд за донесување на овој закон, на кој силно се противи и Католичката црква.

Контроверзниот предлог-закон вклучува одредба со која на венчаните хомосексуални двојки ќе им се овозможи право да посвојуваат деца.

Анкетите покажуваат дека околу две третини од Французите го поддржуваат правото на хомосексуалците да склучуваат бракови, но се значително поделени во однос на тоа дали треба да им се овозможи да посвојуваат деца.

Оланд вети дека законот ќе биде усвоен до средината на идната година, а има и доволна поддршка за тоа и да го исполни.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски