Франција ќе намали 34 илјади работни места во армијата следните пет години

Од:

Франција го задржува стабилен буџетот за одбраната во следните пет години, што ќе значи загуба на 34 илјади работни места до 2019 година, согласно владината стратегија за одбрана, која е содржава во т.н. Бела книга, објавена денеска.

Во документот се посочува дека за рок пет години од 2014 година до 2019 година, Франција треба да го редуцира персоналот на вооружените сили со околу 34 илјади лица.

Трошоците остануваат стабилни и се по 31,4 милијарди евра годишно, што е еднакво на 1,5 отсто од БДП. За петте години буџетот е вкупно 179,2 милијарди евра.

Француските вооружени сили во моментов бројат 228 илјади лица.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина