Француската министерка за одбрана Катрин Колона во Киев најави дека Париз е подготвен да ја зголеми воената помош за Украина, за да и помогне да се спротивстави на руската инвазија.
– Франција не е во војна со Русија, но ќе продолжи да ги зголемува испораките на оружје, истакна Колона на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Дмитриј Кулеба.
Колона истакна дека оружјето во Украина ќе пристигне „во текот на следните недели“.
Двајцата министри разговараа и за интеграција на Украина во Европската Унија.
– Ја замолив мојата француска колешка не само да ја поддржи одлуката за доделување кандидатски статус на Украина, туку и да ги убеди оние кои сè уште се сомневаат во соодветноста на овој чекор, посочи Кулеба.
Колона ја посети и Буча, каде руските трупи убија стотици цивили. Таа е највисок француски функционер што ја посетил Украина од почетокот на инвазијата и е предвидено и да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.